Папата до младите Бразилци: Вие сте тие кои можат да изградат нова цивилизација на љубовта

Не губете ја надежта и соништата вие сте пророци на надежта, вие сте сегашноста на општеството и на нашата сакана Црква и најмногу вие сте оние кои можете да изградите нова цивилизација на љубовта – напиша папата Фрањо во пораката упатена на учесниците на деветата Национална средба за душогрижништво на младите во Бразил кои на 25 јануари завршува во Манас. Папата ги повика младите да го искористат животот и да вложуваат во големи идеали бидејќи – како што е напишано – Господ нè не избрал за мали работи туку за големи.

Темата на средбата е „Учителе каде живееше? Дојдете и ќе видите!“ земена од Евангелието по Иван, а Светиот Отец го поттикна повторно да истакне дека тоа прашање престојува во човечкото срце во сите времиња. Така и денес тоа прашање чука на вратата на нашата совест: што сакаш од животот? Која смисла му ја даваш на времето? Како ги организираш моментите на својата лична историја? Имаш ли конечно видување на својата иднина и својот придонес за доброто на сите луѓе? Сите тие прашања имаат еден одговор: Дојдете и ќе видите!

Тој е Исусовиот одговор кој и понатаму останува пример за сите поколници на вистината – рече Папата и ги поттикна младите да дозволат Господ да ги „обликува“, ги поттикна заедно да живеат со Господ и да го делат Неговиот живот, да Го прифатат Неговиот поглед кој продира, да дозволат да ги привлече и да ги фати тоа благодарно искуство кое одговара на најдлабокиот стремеж на човечкото срце. Станува збор за тоа – објасни Светиот Отец – да се однесуваме како учениците кои од Учителот го научиле начинот на кој треба да го остварат своето послание: да ги лекуваат болните, да ги нахранат гладните, да живеат во искрена радост, да дозволат да ги води општата и великодушната Божја љубов кон нас и да ги прифатат слабите и маргинализираните. И најмногу – додаде папата Фрањо – треба да одиме на сите страни на земјата навестувајќи го најголемиот повик на сите човечки битија, грижејќи се за достоинството на човекот, воспоставувајќи односи на основа на златното правило „Прави го она што сакаш тебе другите да ти го прават и да препознаеш дека цивилизацијата на љубовта на најдобар начин покажува одржлив соживот во општеството.

Од друга страна дали би имало смисла да кажеме дека сме Христови следбеници ако останеме рамнодушни на болката на своите браќа? – праша Папата и потсети на зборовите на апостол Јаков: Покажи ми ја својта вера без дела, а јас своите дела ќе ти ги покажам со својата вера. Папата заради тоа вложува надеж за тие со својот живот да Го сведочат Христа Ослободителот. Црквата ве сака – напиша папата Фрањо и ги поттикнува собраните млади да не ги слушаат оние кои во овој историски момент ги омаловажуваат. бидејќи самите млади докажуваат заземање, верност и радост.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот