Русија: Патријархот Кирил се надева на екуменска соработка

Москва, 7.5.2013 /к.мк/ – Руската православна Црква е „отворена за дијалог со Католичката Црква“ и се надева дека овој дијалог со новиот Папа добро ќе се развива. Тоа го рече патријархот на Руската православна Црква, Кирил, во едно телевизиско интервју. Позитивниот развој започна веќе со Бенедикт XVI, подвлече Кирил. Тој се надева, дека овој тренд со папата Фрањо, кој е „отворен за општествените проблеми и чувствителен за социјалната неправда“ понатаму ќе се развива и продлабочува. Под водство на папата Бенедикт XVI односите помеѓу Руската православна Црква и Католичката Црква суштински се подобрија, бидејќи се донесе одлука, неколку проекти да се остават на страна – како што е посета на Папата во Москва, заклучи патријархот. И за двете Цркви постојат заеднички предизвици.

За т.н. истополови „бракови“ во потрошувачко општество во кое живееме, патријархот Кирил истакна дека никој не сака да се откаже од пороците: „Напротив пороците се легализираат и легитимираат.“ Сето ова води кон „уништување на личноста“ и кон можни економски, финансиски или еколошки кризи. Големите протести во Париз против овие т.н. истополови „бракови“ се пријатно изненадување, истакна патријархот. Тој не очекувал толку силно религиозно мотивирани протести. (Д.Г.+го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<