Проф. Давид Бонагура го споредува стилот на Иван Павле II, Бенедикт XVI и папата Фрањо
Од првиот јавен настап, понизноста на папата Фрањо дојде во прв план. Предноста на едноставноста над елеганцијата стана дел на денешната „римска географија“. Но често при споредбите на стилот на папата Фрањо со пристапот на Иван Павле II и Бенедикт XVI се тврди како Фрањо во својата едноставност е „револуционерен“ и „понизен“, додека претходните понтификати биле „помпезни“ па „суделе од високо“.
„Фрањо не се држи високо, како автократ со сите одговори“ – може да се слушне – веќе се „спушта на ниво“ на распитување, дијалог и различни мислења. Имплицитно е во таквите анализи – или некогаш дури и експлицитно – претходните понтификати да биле чиста спротивност. На такви популарни претстави за „The Catholic Thing“ одговори професорот по теологија Давид Бонагура.
Оставајќи ги на страна очигледните контра-примери на таквите идеи – како леснотијата со која Иван Павле II им пристапуваше на луѓето од најразлични општествени групи или добронамерноста на Бенедикт XVI и слободните разговори, како со мали деца, така и со свештениците – мораме да знаеме што е понизност и како воопшто еден Папа може да ја оствари таа крепост, истакнува Бонагура.
Понизноста, според Тома Аквински, првобитно значи, „подложување на човекот на Господ, поради кој тогаш е понизен и се подложува на другите“. Понизноста затоа може да се покаже на повеќе начини. Папата, кој е најмоќен верски водач на светот, иако не е законски врзан за неброените обичаи на својата положба, своеволно и секојдневно се подложува на тие ограничувања, како што се носењето на белата реверенда, живеењето во Ватикан, апостолските патувања и неделните аудиенции.
На кој начин тогаш Папата може да биде понизен? Така да се подложува на барањата на својата служба – објаснува професор Бонагура. Можеби лично некои не му се угодни – од тоа да го претставува лицето на католицизмот до издавањето на дисциплински декрети – меѓутоа своеволно ги прифаќа и исполнува најдобро што може. Кога би одбил битни задачи на папството, не би бил понизен – заклучува Бонагура и продолжува:
Без сомневање Иван Павле II Бенедикт XVI биле понизни. Папата Војтила во младоста бил актер и очигледно уживал во светската бина за својот понтификат. Бил сосема свесен за својата положба, но неговата нежност и смисла за хумор дале до знаење како себеси се доживува како слуга, а не господар. Особено во покасните години понизноста ја покажувал со својата физичка ранливост која еден дел станала и средство на неговиот авторитет.
Папата Ратцингер својата понизност ја покажа со пријатно однесување и нежен дух. Дури и кога носеше најубаво црковно руво, не обраќаше внимание на себе, туку на огромната ширина и убавина на црковната историја. А тука е, секако и неговото повлекување од папството: чин со кој отстапи од највисоката верска моќ како би живеел во повлеченост и тишина.
Едноставноста на папата Бергољо е неговиот сопствен начин на покажување на понизност и еднакво е исправен како и стилот на неговите претходници. Некои може повеќе да ни се допаѓаат, меѓутоа да се прифати еден стил, а да се напаѓаат другите – тоа не е понизно, истакнува теологот Давид Бонагура, додавајќи: кој и да вели дека Иван Павле II или Бенедикт XVI биле „автократи кои ги имале сите одговори“, или не обрнувал внимание на она што се случувало во последните триесет и четири години, или дошол до само однапред одредени заклучоци.
РВ/С.С.