Продолжуваат активностите во рамките на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“
Во среда 7 септември во рамките на Татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“ на Филозофскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје се одржа свечена академија по повод канонизацијата на Мајка Тереза.
На свечената академија обраќања имаат Горан Ајдински, декан на Филозофскиот факултет, Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Јован Пејковски, раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет – Скопје.
Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска го посетија Домот за стари лица „Мајка Тереза“, а во организација на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ се одржа предавање за значењето на палијативната медицина. Во таа прилика на Геронтолошкиот завод му е доделен сребреник со ликот на Мајка Тереза.
Во 18.00 часот во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ се служеше света Миса, во рамките на Татковинската прослава.
к.мк.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк