Пристигнувањето на папата Фрањо на мексиканскиот аеродром

Големо мноштво народ во главниот град на Мексико го пречека папата Фрањо. Со големи свечености Папата беше пречекан од претставници на власта, претставници на Мексиканската бискупска конференција и илјадници верници. 

Светиот Отец на твитер напиша: „Во Мексико ќе ги гледам очите на Дева Марија ќе ја молам и понатаму милосрдно да нè гледа. Нејзе ѝ го доверувам своето патување.“

Папата по пристигнувањето на аеродромот каде што имаше организиран неслужбен пречек разговараше со група деца, ги поздрави и благослови собраните, а доби и подарок – едно сомбреро. По краткиот разговор со мексиканскиот претседател, Папата се упати во апостолската нунцијатура каде што ќе престојува сѐ до враќањето во Ватикан.

Околу 45 минути Светиот Отец се возеше по улица долга 19 километри, поминувајќи помеѓу два реда на мноштвото народ кој го извикуваа неговото име. Патот го осветлуваа илјадници мобилни телефони и електрични светилки, што исто така е израз на длабоката народна вера и посветеност. Беспрекорна е редарската служба во која се вклучија 160 илјади волонтери за да придонесат за подобра организација на апостолската посета. Околу дваесет илјади полицајци бдеат за сигурноста на Светиот Отец, иако изгледа дека нема некои посебни опасности. Во главниот град подготовките за доаѓањето на Папата започнаа пред една недела. Сите главни градски улици се обновени.

Многу весници во последните неколку дена ја истакнуваа општествено-политичката состојба во државата оптеретена со сиромаштвото кое погодува 50% од населението. Сиромаштвото се забалежува насекаде во главниот град каде што живеат повеќе од 21 милион луѓе; каде што е очигледен контрастот помеѓу големите облакодери и расфрланите шупи. Светиот Отец доаѓа во прв ред да се моли пред иконата на Богородица Гвадалупска, пред таинството кое човек не може да го објасни – рече Папата.

Иконата на Богородица Гвадалупска е најспосетувано јужноамериканско светилиште каде што се ходочасти од сите американски држави. Исто така Светиот Отец дојде во Мексико да ја поттикне локалната Црква на обнова, да излезе и да го зацврсти делото на евангелизација. Во овие часови е голема трка за воз; испечатени се околу милион и 100 илјади билети; сите пак се надеваат дека  и оние без билет ќе можат од блиску да го видат Светиот отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот