Преображение Господово

Како најголемите Таинства за Божиќ и Велигден, исто така и Господовото Преображение е Таинство на светлина. Во еден средновековен фалоспев се пее: Adest dies celebris/ Quo lux lucit tenebris – „Еве го прекрасниот ден во кој светлината блескаше во темнината“ (Sequentiae Ineditae des Mittelalters, ed. G.M. Dreves, Leipzig 1890, 21). Исус е оваа светлина. Во Него, Синот Божји кој стана човек во утобата на Пресвета Богородица, како да беше содржана божествената светлина. „Недостапната светлина“ во која престојува Отецот (спр. 1 Тим 6, 16) станува достапна за луѓето во таинството на овоплотувањето. Кога се роди Исус, всушност, „во светот дојде вистинската светлина, онаа која го просветлува секој човек“ (Ив 19).

Таинството на Преображението е содржано во овој зрак на светлината и денес ние, за време на литургиската прослава, сакаме да уживаме како тројцата апостоли. Да му речеме, всушност, на Господа: „Убаво ни е да бидеме овде“ (Мк 9, 5). Секоја Литургија е, всушност, привилегиран момент на Божјото делување, кој ни доаѓа во пресрет да ни биде близок, за да не привлече кон Себе и да не спаси; за време на секоја Литургија Црквата, со големо ехо, одговара на Евангелската вест: „Светлината дојде на светот“ (Ив 3, 19).

Исто така и Црквата денес го слави Господа како „светлина од светлина“ (lux de lumine) и бара од сјајот на неговата слава сите да бидеме внатрешно обновени (спр. Super Oblata). Источната литургија, на Утринската молитва“ од овој ден вака му принесува пофалби: „Непроменлива светлина од светлината на несоздадениот Отец, Слово Божјо, во твојата блескава светлина на планината Тавор ја видовме светлината на Отецот и на Светиот Дух, која го просветлува секое создание“ (Exapostilario).

Медитирајќи околу таинството на Преображението, може да се движивме во повеќе насоки, сите наведени во „Евхаристиската молитва“ на овој празник. Една нѐ води за да ја посакуваме Исусовата слава која им се открива на Апостолите: „Пред сведоци од него избрани, Тој ја откри својата слава“. Која Слава? Не станува збор за еден материјален блесок, каков што евангелистот собирајќи ги суперлативите и се обидува да ни даде споредби: Исусовите алишта станаа светли, како белина која човечки е невозможно да се избели (спр. Мк 9, 3). Всушност треба да влеземе во димензијата на верата, зашто, како што читаме на почетокот од четвртото Евангелие, станува збор за „слава на Единородниот од Отецот“ (Ив 1, 14; спр. 2 Пт 1, 17). Како евангелистот свети Иван – кој беше еден од сведоците за Преображението – исто така и ние да исповедаме дека Исус е Син Божји.

Потоа има друга насока и оваа се однесува за нас во прво лице, бидејќи Исус „во својата човечка природа, во сѐ е сличен на нашата, направи да свети една неспоредлива светлина“ (Евхаристиска молитва). Во таинството на Преображението Исус го исполнува објавувањето за нашата трансформација – преобразување. Но, не само за нашето; во своето Преображение Исус сакаше дури „предвреме да ја објави … прекрасната судбина на Црквата, неговото мистично тело“. Колку ли е исполнет со надеж овој празник и Таинството кое се слави! Преображението, всушност, ни ја открива внатрешната смисла на христијанството, кое во суштина е откривање на нешто ново, на воскресението во живот вечен и во славата, како што пишува апостолот Павле: „А нашето живеалиште е на небесата, од каде што го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе го преобрази нашето понизно тело, така што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Тој може и да подчинува под Себе сѐ“ (Фил 2, 20-21).

Се отвора, на тој начин, една трета насока со цел Преображението да ни дозволи да видиме, во светлото на воскреснатиот Христос, какви ќе бидат прославените луѓе и променетиот свет; и не само какви ќе бидат на крајот на времињата, туку какви може да бидат уште денес како едно брзо предвестување на идната слава, доколку го слушаат Зборот на возљубениот Син. Односно кога ќе бидаат нови луѓе, зашто тоа ни го вети Исус: „Ако твоето око биде чисто, и целото твое тело ќе биде светло… Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со светлина“ (Лк 11, 34-36). […]

Марчело Семераро, бискуп/З.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување

За авторот