Презентирана пораката на Папата за Великиот пост

Во канцеларијата за печат при Светата Столица на 4 февруари е претставена пораката на папата Фрањо за Великиот пост, за која говореше кардинал Роберт Сарах, претседател на Папскиот совет „Кор Унум“. Покрај кардиналот свое сведоштво даде и брачниот пар Давид Дота и Ана Зумбо, мисионери кои заедно со своите деца, три години живееја и работеа на Хаити.

Станува збор за посебен документ кој сака да ни помогне да сфатиме што всушност значи сиромаштвото за еден христијанин– со тие зборови кардинал Сарах ја опиша првата порака на папата Фрањо за Великиот пост. Папата нѐ свртува кон гледање на сиромаштвото во потполност – забележа кардиналот и додаде дека Христовиот избор за сиромаштво покажува дека постои позитивна димензија на сиромаштвото.

Папата сака да каже дека не можеме да мислиме дека ја смируваме својата граѓанска совест, предупредувајќи на тоа дека на другите им недостасува храна, или го осудува сиромаштвото како сиситем – рече кардиналот. Сиромаштвото ја допира длабочината на човечкото срце: како што Христос слезе од својот царски престол за да ја исполни волјата на Отецот, и така дојде во светот во пресрет на своите браќа кои имаат потреба од спасение, така и христијанинот влегува во динамиката на сиромаштво и дарување, бидејќи е богат поради фактот што е Дете Божјо – истакна кардинал Сарах.

Во пораката е истакната разликата помеѓу сиромаштво и беда – рече кардиналот и предупреди: Не е сиромаштво, кое е евангелски знак, она што сакаме да го сузбиеме, туку бедата. Освен тоа како истакнува папата Фрањо, Црквата не е помалку внимателна на духовната беда, во однос на материјалната. Тешко на нас ако нашиот поглед кон оној кој е во потреба, не се свртува на духовната беда, која често се вгнездува во човечкото срце кое поради тоа силно трпи, иако има на располагање многу материјални добра – истакна кардиналот.

Ако сакаме во потполност да ја сфатиме пораката на папата Фрањо треба да ја толкуваме во нејзината антрополошка смисла – напомна кардиналот Сарах. По природа човекот е Божјо дете и тоа е неговото богатство – истакна кардиналот и предупреди дека е голема грешка на модерната култура замислата за среќен човек без Бог. Во оваа порака гледам континуитет во научителството на овој Папата со Бенедикт XVI, кој во средиштето на своето научителство го стави токму тоа предупредување: недостатокот од Бог во современата култура – рече кардинал Сарах.

По претседателот на Папскиот совет „Кор унум“, свое сведоштво даде Ана Зумбо, која во рамките на Италијански Каритас, заедно со сопругот и децата, неколку години беа во мисија на Хаити, разорен од силниот земјотрес. Да се помага е полесно од примањето – рече Ана и додаде: но на тој начин сиромашните и понатаму остануваат лица кои „примаат помош“, а богатите остануваат оние „кои помагаат“. Токму поради тоа нејзиното семејство одлучи да живее сиромашно меѓу сиромашните, живеејќи во една населба, во кој живеат жители на Хаити, а не странци од невладини организации.

Многу ни значеше близината со народот и едноставниот живот. Тоа е многу интимно искуство за изградба на лични односи со народот на Хаити. Се вклопивме во животот на таа населба, учествувавме во нежните моменти при породувањето на деца, во збрката на детската игра, во сочувство со болните, во смртни случаи, во радоста што можевме да поделиме храна. Сето тоа се искуства, кои немаше да ги доживееме ако живеемве во блиндирана зграда – рече Ана.

Пренесувајќи го потоа искуството на своите деца, кои беа присутни на конференцијата за новинари, Ана истакна дека научиле да љубат, да чувствуваат наклонетост кон другите луѓето кои се многу поинакви од нив. Искусија заедништво, примајќи ги децата од населбата во својот дом како да се нивни браќа, делејќи ги со нив своите играчки, ужината, овошјето од градината… Живееја со отворена врата, со гости со поинкава кожа, поинаков јазик и култура, кои секогаш беа со нас на масата – раскажа Ана.

Одговарајќи на новинарски прашања, кардинал Сарах се осврна посебно на духовната беда, која е силно истакната во пораката. Проблемите се произлезени од новиот човечки правец, односно антрополгија која повеќе не го почитува христијанскиот поглед на човекот, семејството, бракот и ми изгледа дека таа состојба можеме да ја наречеме духово и морално сиромаштво – истакна кардиналот. Потоа заедно со потсекретарот на советот, монсињор Сегундо Тејад Муњоз говореше за неодамнешната посета на Филипини. Посетата на Филипините имаше за цел на населението погодено од тајфунот да му се изрази близината на Папата. Папскиот совет се зазема за изградба на дом за напуштени деца и една мала клиника, како и за обнова на разорените цркви, кои се многу важни за животот и идентитетот на филипинскиот народ – истакнато е на конференциата за новинарите.

РВ/го*ко

1365

Категорија: Ватикан

За авторот