Презентиран подготвителниот документ за синодата за млади

Презентиран подготвителниот документ за синодата за млади

Во канцеларијата за печат на Светиот Престол на 13 јануари 2017 година е претставен подготвителниот документ за следната епископска синода, на која се сака да се пронајде најдобриот начин кој ќе им помогне на младите да го препознаат и да го прифатат повикот на живот во полнина.

Со документот се започнува период на советување на целиот Божји народ, а упатен е до бискупските конференции, Советите на поглаварите на католичките Источни цркви, дикастериите на Римската курија и Унијата на врховни поглавари. Освен тоа предвидени се и консултации со младите по пат на една интернет страница.

Отвoрајќи ја средбата со новинарите кардинал Лоренцо Балдисери генерален секретар на бискупската синода ја претстави структурата на документот чија цел е – како што рече – да се соберат информации за моменталната општествено-културна состојба на младите на возраст помеѓу 16 и 29 години, во различни средини во кои живеат за да може да се разбере од аспект на следните подготвени настани за епископската синода. Документот е поделен на три дела: првиот е всушност увид во реалноста, во вториот се истакнува важноста на расудувањето, а третиот е фокусиран на пасторалното делување на црковните заедници. Имено Црквата сака да им помогне на младите во откривањето и остварувањето на нивниот повик.

Треба да се објасни дека поимот „звање“ треба да се сфати во поширока смисла и дека се однесува на цела серија можности за конкретно остварување на сопствениот живот во радост на љубовта и во полнотата која произлегува од дарувањето себе на Бог и другите – рече кардинал Балдисери. Подготвителниот документ е пополнување прашалник со чија помош ќе се соберат статистички податоци за секоја локална црква, одговори на разни прашања за секоја ситуација за подобро да се протолкува и на крајот размена на добри пасторални практики кои веќе се спроведуваат за да помогнат на целата Црква – рече главниот секретар на бискупската синода и истакна дека и самите млади ќе бидат вклучени во тој подготвителн период и по пат на интернет каде ќе има простор да се собираат нивните очекувања и сведоштва од животот.

За причините за одржувањето на синодата посветена на младите говореше епископот Фабио Фабене, заменик на епископската синода и рече дека следната синода не сака само да прашува како да се помогне на младите во распознавањето на нивните животни одлуки во светлината на Евангелието, туку сака исто така да ги слушне желбите, проектите и соништата на младите, како и тешкотиите на кои наидуваат за да го остварат својот план во служба на општеството во кое сакаат да бидат активни протагонисти. Младите меѓу останатото ќе можат да се вклучат и во бријни други иницијативи како што се молитвени бденија, меѓународни средби и концерти. Одговорите од прашалникот содржан во подготвителниот документ како и одговорите на младите ќе бидат основата за составување на работниот документ односно документот „Instrumentum laboris“ кој ќе биде главно упориште за расправата на синодските оци.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот