Во недела 23 јуни 2019 година, во парохијата „Свети Петар и Павле” во Гевгелија со свечена Света Литургија беше прославена Првата Света Причест, предводена од парохот о. Димитар Ташев.
На светата Литургија присуствуваа верници од парохијата, како и роднини на првопричесниците, кои дојдоа да возвеличат радоста.
На крајот од Светата Литургија парохот им се заблагодари на родителите и на чесните сестри за подготовката на децата. На крајот првопричесниците добиле спомен икона и Бројаница.
к.мк