Прва Причест во Петралници
По повод Првата Света Причест во парохијата Свети Кирил и Методиј во Петралинци, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во заедништво со парохот о. Ѓорги Појразов и о. Илија Стојанов.
„Драги браќа и сестри, љубовта кон Бога треба да биде на прво место. Исус од љубов кон нас ни се дарува самиот себе во Пресветата Евхаристија, дарувајќи ни го своето Тело и својата Крв за живот вечен. Тој неизмерен дар денес за прв пат ќе го примат во себе и нашите првопричесници […]
Драги првопричесници, вашите родители, но и сите ние, посакуваме да останете такви какви што сте денес, секогаш да останете чисти срца, полни со љубов кон Исус и верни на Исус Христос до последната воздишка на вашиот живот“ – рече епископот Стојанов во својата проповед.
Три деца од парохијата, пред да го примат за прв пат Исус во Светата Причест најпрво ги обновија своите Крштелни завети.
Покрај верници од парохијата на светата Литургија присуствуваа и роднини на првопрчеснците од други места, како и чесните сестри евхаристинки, с. Стефанија и с. Терзиција.
Во чест на првопричесниците во парохиската сала беше организирано заедничко дружење.
К.мк+о.Г.П