ПОВИК НА МОЛИТВА ЗА МИР ВО МАКЕДОНИЈА!

ПОВИК НА МОЛИТВА ЗА МИР ВО МАКЕДОНИЈА!

По повод актуелните случувањa Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија упати Повик на молитва за мир во Македонија, кој го пренесуваме во целост:

—————————–

Драги браќа свештеници, браќа и сестри во Христос Воскреснатиот!

По повод немилите случувања и настани на кои сите сме сведоци и кои никого не оставаат рамнодушен, ве повикувам во овој миг, одново да ги воздигнеме нашите срца до Христос Воскреснатиот на молитва за мир и за добро во нашата Татковина.

Затоа ве повикувам, секој ден во нашите Цркви и манастири во Република Македонија, во согласност со вдахновеноста на парохот, уште поинтензивно да се молиме за мир. Воскреснатиот Христос да го рашири својот мир врз целото наше општество, да го ослободи од секаква неволја, а на одговорните во општеството да им даде мудрост и разумност за општо добро и благосостојба на целокупното население, а сè под застапништвото и заштитата на Пресвета Богородица.

Со почит и благослов,

Ваш бискуп/владика

+ Киро Стојанов

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот