Процесија со Пресветата Евхаристија во Нова Маала

Нова Маала, 8.7.2013 /к.мк/ – Во недела, 7.јули во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала се прослави празникот на Пресвета Евхаристија. За време на светата Литургија, парохот о. Спасо Ристов наведе примери во кои Преветата Евхаристија делувала чудотворно. По завршувањето на Светата Литургија следуваше процесија со Светата Причест околу Црквата, која заврши со благослов на големиот број присутни верници.

Истиот ден попладне децата кои се најредовни на веронаука и света Литургија имаа еднодневна прошетка во Дојран и Паљурци, а исто така ја посетија парохијата Свети Кирил и Методиј – Богданци и парохот о. Тома Ангелов, а потоа учествуваа на Обожавањето во парохијата Свети Петар и Павле – Гевгелија.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<