Почина познатиот ватиканскиот егзорцист о. Габриел Аморт

Отец Габриел Аморт ватикански егзорцист кој во повеќе наврати јавно говореше за службата која ја извршуваше и за духовните опасности кои нè опкружуваат почина на 16 септември 2016 година во Ватикан во својата 91 година од компликации предизвикани од болест на белите дробови.

Отец Аморт е роден во италијанскиот град Модена во 1925 година. Влегол во Конгрегацијата свети Павле во 1947 година, а за свештеник е ракоположен во 1951 година. Во 1985 година Аморт е именуван за службен егзорцист на римската бискупија. Се проценува дека во текот на својата служба направил преку 70.000 обреди на егзорцизам.

Бил познат по тоа што за егзорцизмот и борбата против сатаната зборувал отворено и јасно и така многу католици ги направи свесни за опасностите на кои се изложени во секојдневната духовна борба за добро.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот