Крштение на духовденското бдение во Куманово

Во пресрет на празникот Духови – Педесетница за време на духовното бдение во Куманово е крстена Роза Агата. Малата Роза е триесетто дете родено во четирите семејства кои редовно учествуваат на средбите на малата католичка заедница во Куманово. Во капелата Свети Иван Крстител се собраа голем број верници, а Литургијата ја предводеше дон Антун Нижетиќ кој воедно е и водител на мисијата „Ад Гентес“ во Куманово. Верниците учествуваа во молитвата, литургиските песни, слушањето на богатството на Божјото Слово, знаци и Свети Тајни кои ги дава Црквата. Подоцна сите заедно присуствуваа на агапе, радосното споделување на храната и се дружејќи се со песна.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот