Потребно ли е на први и втори мај да се почитува Страстната Седмица (Седмица на Христовите маки)
Самото име на седмицата пред Велигден го искажува значењето на времето во кое се наоѓаме и зошто христијанинот е повикан во таа седмица да се нурне со сето свое битие во исчекувањето на настанот кој Спасителот доброволно го прифати за спасение на човечкиот род.
Светиот отец папата Фрањо во своето обраќање од четвртокот 25 април, вели: Христијанинот треба да го навестува Евангелието понизно, но истовремено не треба да се плаши да прави големи нешта. „Стилот на христијанинот е понизност, служење, милосрдие и братска љубов“.
Заради таквите повици, заради таквото сведочење на Христа, Црквата често се критикува, но Исус е многу конкретен па ќе рече: „ако знаевте што значи: ,Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините“.
Драги верници Исус не бара од нас да правиме жртва одрекувајќи се од џумбусите(скара, музика, пијанства…) кои се прават за време на првомајските пикници и кои ќе го погазат постот предвиден пред Велигден, а кои пак оваа година се погодија токму во Страсната Седмица, туку Тој од нас сака милост. Тоа значи: – Да се додржуваме во деновите пред Велигден така како што е пропишано, односно така како што му прилега на христијанинот. Христијанин – значи следбеник Христов.
Да, Старастната Седмица пропишува избегнување на секаков вид увреда на ликот на нашиот Спасител.
Исус не бара од нас жртва туку љубов.
– Љубов кон Бог.
– Љубов кон себе самите.
– Љубов кон ближниот.
Можеме ли од љубов кон Бога, кон себе самите, кон ближниот да се одречеме од одрекнувањето од Исус како наш Бог? Човекот како разумно битие има потреба и должност да биде личност. По тоа се разликуваме од останатите створенија. Бог во својата полнота и неизмерна љубов човекот го создал со разум и му подарил слободна волја. Но човекот за да биде среќен и исполнет во милоста Божја треба да биде тој кој ќе избере меѓу доброто и злото. Исполнувањето на Божјите закони и заповеди го прави човекот слободен и среќен, односно исполнет. Робувањето на гревот, на човекот му ја одзема слободната волја и го одалечува од Бога. Човекот одалечен од Бог Господ станува несреќен и го губи царството небесно.
„Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.” Овие се Исусови зборови кои ги читаме во светото Евангелие според Матеј 10,32-33 и во Лука 9,26 – „Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели“. Во прв момент може да се случи да не изненадат, зарем Исус рекол такво нешто, но ако го погледнеме истото во Марко ќе видиме дека Исус е многу конкретен: „Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.”
Ако не ја почитуваме, Страстната Седмица (Седмица на Христовите маки), каков Велигден ќе дочекаме. Знаеме дека Бог Господ Исус Христос рекол: „Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.” Секој намерно направен грев е грев против Светиот Дух.
Грев е да се погази заповедта за почитување на Страстната Седмица, и кога тоа го знаеме и пак го погазуваме, односно си мислиме па Бог ќе ми прости, не, Бог гревовите против Светиот Дух не ги простува.
Мислите ќе се оправда некој со „не знаев“! Не, сега, браќа и сестри во Исуса Христа знаете. А Исус зборувајќи за оние од фарисејската следба и нивните придружници ќе рече: „Да не бев дошол и да не им бев зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев“.
За секое големо дело или голем настан потребна е темелна подготовка, а Велигден е токму тоа големо (Божјо) дело, не голем туку најголем настан во историјата на човештвото. Потребна ни е $ таква подготовка голема и темелна. Не само на материјално поле, туку пред се духовно да се подготвиме во пресрет на Христовото воскресение со молитва, пост и добра света исповед, земајќи учество во сите молитви и богослужби предвидени во пресрет на празникот. Така подготвени ќе ја почувствуваме радоста на спасителното дело Божјо преку празникот Велигден.
з.и.с.