Потполн опрост за Светскиот ден на млади во Бразил

Ватикан, 9.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо ќе додели целосен и делумен опрост за сите учесници на Светскиот ден на млади, кој ќе се одржи од 22 до 28 јули во Рио де Жанеиро, Бразил. За таа цел Апостолската пенитенцијарија објави посебен декрет. Опростот може да се добие според предвидените за тоа услови – исповед, причестување и молитва  по накана за Папата. Истиот опрост можат да го добијат и оние кои нема да можат лично да присуствуваат на средбата во Рио де Жанеиро, но ќе се приклучат духовно во прославата на Светскиот ден на млади преку медиумите. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<