После 50 години, прво јавно славење на Божиќ во Мјанмар

После 50 години, прво јавно славење на Божиќ во Мјанмар

Христијанските заедници во Мјанмар прв пат после 50 години го прославија Божиќ на улиците во Јангон. Божиќ во минатото се славел строго во црквите, а сега по целиот град, со посебан дозвола од властите, имаше неколку свети Литургии, славење и процесија.

Прославата започна на 23 декември во методистичката црква Пресвето Тројство и заврши на 25 декември со свечена света Литургија во католичката катедрала Света Марија во Јангон со присуство на Хенри Ван Тиа, потпреседател на Мјанмар. Помошниот епископ на надбискупијата во Јангон, Џон Сов Јав Хан, ја изрази радоста на мјамарските христијани заради тоа прво јавно славење и ги охрабри сите сонародници на секој можен начин да придонесат за иднината на земјата.

Таквата прослава на Божиќ беше поттикната со согласноста на претседателот на покраинската влада на Јангон и градоначалникот на Јангон, со посебна желба на тој начин да се оддаде почит на посетата на папата Фрањо на Мјанмар во ноември 2017 година, и да се покаже солидарност со христијаните во Мјнамар и во целиот свет.

Според зборовите на тамошен католички свештеник, тие активности се знак на сѐ поголемата верска слобода во Мјанмар. Една припадничка на Баптистичката црква пак изјави дека во последните 50 години никогаш не доживеала таква прослава на Божиќ. Многу христијани пееја божиќни песни, понудија храна и пијалок на граѓаните на Јангон без никаква дискриминација изразувајќи им на сите честитки и желба за мир. Многу граѓани се придружија на прославата. „Ова година е многу значајна за христијаните во Мјанмар затоа што им беше дозволено јавно со другите граѓани да го слават Божиќ – рече за агенцијата „Фидес“ отец Тет Тин, католички свештеник и нагласи – целта е славењето да биде општествено поврзување, меѓурелигиско разбирање и пријателство меѓу граѓаните.

Еден католик лаик истакна дека Божиќ значи да му ја покажеш и даруваш на човештвото Христовата љубов, додека еден будист за агенцијата „Фидес“ рече дека ја цени таа прослава и дека уживал во неа учествувајќи заедно со сопругата. Притоа истакна дека Божиќ е славење кое има вредност за сите, а не само за христијаните. Христијаните во Мјанамар сметаат дека овој Божиќ ќе остане во сеќавањето на луѓето како прва меѓурелигиска средба со будистите во Мјанмар.

Претседателот на покраинската влада во Јангон им вети на жителите дека Божиќ во Јангон ќе се слави и следната година. Според пописот на населението од 2014 година во Мјанамр има 51 милиони жители, а христијани од сите вероисповеди вкупно има 3 милиони – објави агенцијата „Фидес.“

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот