„Не станува само збор за мигрантите“ е насловот на пораката на папата Фрањо за Светскиот ден на мигранти и бегалци, кој оваа година се слави на 29 септември. Мигрантите ни помагаат да ги толкуваме знаците на времето – пишува папата Фрањо. Господ преку нив нѐ повикува на преобраќање, да се ослободиме од рамнодушноста и културата на отфрлање
Раните на човечкиот род, неправдите, дискриминацијата, разбирање на стравот од поинаквиот, но најмногу повикот да не се попушти пред логиката на светот кој ја оправдува надмоќноста над другите со цел лична корист или корист за мојата група, и од тука најпрво јас сум, а потоа другите – истакнува папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на мигранти и бегалци, во која повторно потсетува дека вистинското мото на христијанинот е „пред се последен“.
Во пораката покрај другото папата Фрањо предупредува на глобализацијата на рамнодушност и потсетува на моралното пропаѓање кон кое одиме, ако продолжиме да даваме простор на културата на отфрлање.
Исто така папата Фрањо го истакнува и стравот од непознатите, маргинализираните и странците
„Не станува збор само за мигрантите, туку за љубовта“ – истакна Папата во пораката: Најголема љубов е она која ја искажуваме кон оние кои не се во можност да ни возвратат, а можеби и да ни заблагодарат.
Зборувајќи за трговијата со оружјето и искористувањето на ресурсите на земјите во развој Светиот Отец истакнува дека најголемата цена ја плаќаат најмалите, сиромашните, најранливите, на кои им се забранува да седнат на трпезата и им се оставаат само трошки – предупредува Папата.
Ватикан њуз/к.мк