Улогата на жената во Црквата треба да биде препознатлива на посебен начин, а не имитација на машкиот модел

Во интервју за месечниот прилог по прашањето на жените за Осерваторе Романо, кардиналот Герхард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за науката на верата, зборува за бројот на жените во меѓународната теолошка комисија.

Досега во меѓународната теолошка комисија која помага на Светиот Престол – во состав на Конгерегацијата за науката на верата – меѓу триесет членови, кои се именуваат на пет години, имало само две жени: Барбара Халенслебен, професорка по догматска теологија и екуменизам во Швајцарија и сестра Сара Батлер, професорка по догматска теологија во САД. Во интервјуто што го водеше Лучета Скарафи, кардиналот Милер рече дека новите именувања на папата Фрањо ќе го зголеми бројот на жени во комисијата на „пет или шест“.

Во интервјуто, кардиналот Милер нагласува дека присутноста на жената во Црквата треба да биде препознатлива на посебен начин, а не да биде имитација на машкиот модел.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот