Порака на папата Фрањо за Светскиот ден на мирот: Не повеќе робови, туку браќа

Ропството е ужасна отворена рана во телото на современото општество, многу тешка рана во Телото Христово, се истакнува во соопштението на Папскиот совет за Правда и мирповрзано со пораката на папата Фрањо за 48. Светски ден на мирот, 1 јануари 2015 година.

Мажи и жени со црна кожа во синџири на бродовите или наведнати работејќи на бескрајните плантажи се вообичаена слика на роб. Кога ќе се изрече зборот „роб“, скоро е невозможно да се избегне претставувањето на сликите за робовите на кои сме навикнале во старите училишни книги. За жал, и денес зборот роб отвора врата на галерија на ужас. Папскиот совет си спомнува за тие ужаси, бидејќи се многу тешка рана во Телото Христово: трговијата со човечки битија, криумчарењето на раселени и проституција, ропска работа, искористувањето на човек по човек, ропскиот менталитет во однос на жените и децата. Цела низа на гнасни работи со кои поединци и групи срамотно шпекулираат користејќи бројни судири во светот, економски кризи и корупција. За сето тоа во следната порака за Светскиот ден за мир ќе размислува папата Фрањо, бидејќи ропството смртно го погодува општото братство, значи и мирот. Мирот владее, ако едно човечко битие во другиот признава брат со еднакво достоинство, затоа и насловот на пораката е „Не повеќе робови, туку браќа“, се истакнува во соопштението на Советот.

За ефективно да се спротивставиме на ропството, во сите можни облици, треба пред се да се признае недопирливото достоинство на секоја човечка личност, треба да се има јасен поим за вистинско братство, кое бара отстранување на нееднаквоста, бидејќи човекот на човекот може да го направи роб, а потоа треба да се зголеми заземањето за близина и бесплатност на патот на ослободување и вклучување на сите.

Целта е да се изгради цивилизација втемелена на еднакво достоинство на сите човечки битија, без никаква дискриминација. Во таа смисла потребно е ангажирање на средствата за информирање, воспитување, култура, како и обнова на општеството, втемелено на слобода, правда и мир. Папскиот совет за Правда и мир на крајот потсетува дека основањето на Светскиот ден на мир е дело на папата Павле VI, дека пораката на Папата ќе се испрати до сите канцеларии ширум светот и ја зацртува дипломатската работа на Светиот Престол за следната работа.

 РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот