Папата изрази сочувство по експлозијата на бомба во Египет

Папата изрази сочувство по експлозијата на бомба во Египет

Во телеграмата упатена до египетскиот претседател Ал-Сиси, Папата го осуди тој „суров и бесмислен“ чин во кој загинаа четири луѓе.

Дознавајќи за експлозијата на бомба во Египет, во близина на пирамидите од Гиза, папата Фрањо изрази голема жалост, и осудувајќи го тој суров и бесмислен чин, се моли за жртвите и за нивните семејства, за ранетите и за спасувачкиот персонал кој великодушно укажува помош – стои во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, упатена до египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси. Папата изразува счувство и го поделува на Египет својот благослов по атентатот кој се случи на 28 декември 2018 година, а во кој загинаа четири луѓе. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот