Полска порачува: Без основните вредности Европа нема иднина

Во овој свет кој е обземен од војна потребно ни е братство, потребна ни е блискост, потребен е дијалог, потребно е пријателство. Братството е знак на надеж – рече папата Фрањо во текот на Генералната аудиенција на 3 август 2016 година во салата Павле VI.

Катехезата ја посвети на недомнешниот Светски ден на млади во Краков кој го нарече „пророчки знак за Полска, Европа и светот.“ Истакна дека младите разговарале на различни јазици но сеедно можеле да се разберат „затоа што имаат желба да одат заедно, да градат мостови на братство.“

Сликата која е карактеристична за таквите средби на млади е „непрегледно мноштво на шарени знамиња.“ Папата рече дека „националните знамиња на Светскиот ден на млади стануваат уште поубави,“ „се прочистуваат“ затоа што меѓу нив се наоѓаат и знамиња на народи со кои меѓусебно се во конфликт. „Младите од целиот свет ја прегрнаа пораката на милосрдието за насекаде да ја пренесуваат преку духовните и телесните дела на милосрието“ – рече папата Фрањо.

Ја спомна својата посета на светилиштето во Честохова. „Пред иконата на Пресвета Богородица го примив дарот на Мајчиниот поглед, а таа на посебен начин е Мајка на полскиот народ и благородната нација која многу страдала и со силата на верата и нејзините мајчински раце секогаш одново станувала.“

„Таму под тој поглед се сфаќа духовното значање на одењето на тој народ чија историја на нераздвоен начин е поврзана со крстот Христов. Таму со рака се допира верата на светиот Божји верен народ кој ја чува надежта во искушенијата; а ја чува и мудроста на хармонијата помеѓу традицијата и иновацијата, помеѓу сеќавањето и иднината – објасни Папата. Денес Полска „ја потсетува цела Европа“ дека таа нема иднина без „основните вредности кои се во центарот на христијанското сфаќање за човекот.“ Меѓу нив е и милосрдието „чии посебни апостоли биле“ двајцата великани: света Фаустина Ковалска и свети Иван Павле II.

Светот е повикан да одговори на предизвикот на војната „во делови“ – продолжи папата Фрањо. Потсети и на својата посета на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. „Го почувствував присуството на сите души кои таму поминале, почувствував сочувство, Божјо милосрдие кои некои свети души можеле да ги донесат во таа бездна“ – рече Папата истакнувајќи дека и денес големо мноштво луѓе страда заради војна.

„Гледајќи ја таа суровост во тој концентрационен логор веднаш помислив на денешната суровост со која се слични: не се така концентрирани како на тоа место, туку се насекаде по светот; во овој свет кој е болен од суровост, од болка, од војна, омраза, тага. И заради тоа од вас секогаш барам Господ да ни даде мир“ – порача Светиот Отец.

На крајот ги поздрави Бразилците, посебно градот Рио де Жанаиро кој оваа година е домакин на Олимписките игри. „Во светот кој е жеден за мир, толеранција и помирување“, Папата посака „духот на Олимписките игри да ги вдахне сите, учесниците и гледачие“ и наградата да биде нешто „многу посакопоцено“ од медал: „остварување на цивилизацијата во која владее солидарност заснована на спознанието дека сите сме членови на едно единствено човечко семејство, независно од разликите во културата, бојата на кожа или религијата.

Покрај тоа Папата потсети дека утре се упатува во Асизи каде ќе ја посети базиликата Света Марија од Ангелите по повод 800-тата годишнина од асишката прошка односно порцијанкула која се славеше вчера. „Тоа ќе биде многу едноставно, но мнгоу значајно ходочастие во Светата година на милосрдието“ – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот