Папата на аудиенција: Свети Даниел Комбони беше полн со ревност за Африка

Папата на аудиенција: Свети Даниел Комбони беше полн со ревност за Африка

На редовната Генерална аудиенција во среда, 20 септември 2023 година, папата Фрањо ја продолжи серијата катехези посветени на апостолската ревност, истакнувајќи ја ревноста и љубовта на свети Даниел Комбони кон Африка, велејќи дека бил трогнат од радоста на Евангелието

Свети Даниел Комбони беше апостол на Африка, чија ревност произлезе од радоста на Евангелието и сведочењето за љубовта на Добриот Пастир.

Папата Фрањо на редовна Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар во средата, на 20 септември, размислуваше за светецот со италијанско потекло, продолжувајќи ја низата катехези за личности кои ја олицетворуваат апостолска ревност во Црквата.

Свети Комбони, италијански бискуп кој служел во мисии во Африка, е прогласен за блажен во базиликата Свети Петар во 1996 година, а за светец во 2003 година.

Заедницата „Семејство Комбони“ се состои од 3.000 мисионери. Вклучува Комбини Мисионери на Срцето Исусово, основани во 1867 година од Свети Комбони; Сестри мисионерки Комбони, основани во 1872 година; потоа световните Комбони мисионери, кои се додадени во втората половина на 20 век, и други лаички групи, вклучително и лаичките мисионери Комбони, кои се вдахновени од истата харизма и се распространети во многу земји.

Сведочење за љубовта на Добриот Пастир

Папата во својата катехеза ја истакна ревноста на свети Комбини кон Африка, што остави големо наследство, истакнувајќи: Свети Даниел посведочи за љубовта на Добриот Пастир кој тргнува во потрага по изгубените и го дава својот живот за стадото.

Ревноста на свети Комбони Светиот Отец ја опиша како енергична и пророчка, противник на рамнодушноста и исклученоста, нагласувајќи дека светиот мисионер во своите писма искрено ја прозива својата сакана Црква, која предолго ја заборавила Африка.

Ревност за Африка

Сведоштво на свети Даниел Комбони, апостол исполнет со ревност за Африка, било толку големо што Папата во катехезата ги истакна неговите списи за луѓето од африканскиот континент.

Го освоија моето срце кое живее само за нив. Ќе умрам со Африка на моите усни. Им напишал и дека најсреќниот ден во неговиот живот ќе биде оној во кој ќе може да го даде животот за нив.

Тоа се зборови, рече Папата, за некој кој е заљубен во Бога и во браќата и сестрите на кои им служел во своето мисионерско послание.

Ужасите на ропството

Во овој контекст, Папата потсети дека свети Комбони бил сведок на „ужасот“ на ропството, препознавајќи го како зло.

Ропството го сведува човекот на предмет, а вредноста на човекот е сведена на тоа да биде корисен за некого или за нешто, рече Папата.

Комбони, просвтлен од Христос, бил свесен за злото на ропството; сфатил, згора на тоа, дека општественото ропство е вкоренето во едно подлабоко ропство – ропство на срцето, ропство на гревот, од кое Господ нè ослободува, додаде Римскиот епископ.

Како христијани затоа сме повикани да се бориме против секој облик на ропство, нагласи Папата, иако за жал, ропството, како и колонијализмот, не е нешто што му припаѓа на минатото.

Свети Комбони многу ја сакаше Африка

Папата Фрањо ги осуди конфликтите ширум Африка кои Свети Комбони ја сакаше и упати критика за секаков вид на политичка експлоатација и економски колонијализам. Тој рече дека светот често ги затвора очите, ушите и устата пред оваа голема трагедија.

Затоа, го повторувам мојот апел: Доста е од задушувањето на Африка: таа не е рудник за експлоатација или почва за опустошување, рече Римскиот бискуп.

Папата потоа потсети на предизвиците со кои се соочувал свети Комбони и други мисионери во Африка, за нивната голема вера и истрајност.

Но, додека другите ја напуштија Африка, Комбони не го стори тоа, рече папата Фрањо.

Спасете ја Африка со Африка

Папата потсети дека по периодот на проникливост Свети Даниел чувствувал дека Господ го вдахновува на нов пат на евангелизација, кој го сумирал со зборовите: „Спасете ја Африка со Африка“.

Тоа беше силна интуиција, нагласи Светиот Отец, која придонесе за обновување на неговото мисионерско ангажирање: евангелизираните лица не беа само „објекти“, туку и „субјекти“ на мисијата.

Затоа што свети Даниел сакаше да ги направи сите христијани протагонисти на потфатот за евангелизација, Папата рече дека во своите напори го вклучил и локалното свештенство и ја промовирал лаичката служба на катехистите. Катехистите се богатство на Црквата: катехисти се оние кои одат напред во евангелизацијата, истакна папата Фрањо.

Тој, исто така, се грижеше за уметностите и професиите, поттикнувајќи ја улогата на семејството и жената во преобразба на културата и општеството.

Колку е многу важно, дури и денес, продолжи Папата, верата да расте и човекот да се развива во мисионерски контекст, наместо да пресадува модели наметнати однадвор или сè да се сведува на бесплоден асистенцијализам!

Радоста на евангелието

Папата понатаму истакна дека големата мисионерска ревност на свети Комбони не беше првенствено плод на човечки напор, туку сила вдахновена од Христос. Неговата ревност, рече папата Фрањо, произлезе од радоста на Евангелието, беше вдахнат од Христовата љубов и доведе до љубов кон Христос!

Изворот на мисионерската способност за свети Комбони, нагласи Светиот Отец, беше љубовта, особено ревноста да се споделат со други нивните страдања и маки.

Папата ги замоли верниците собрани на плоштадот Свети Петар да размислуваат за оние кои денес се распнати од неправда и ги повика сите да молат за нив. Тој и порача на присутните да се сеќаваат на сиромашните. Не заборавајте на сиромашните, истакна Папата, бидејќи тие ќе ни ги отворат рајските порти.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот