Полска: Глобална иницијатива за молење Бројаница за неродените

Полска: Глобална иницијатива за молење Бројаница за неродените

Застапниците за животот во Полска ги повикаа католиците во цел свет да се вклучат во иницијативата за молење Бројаница за неродените од 1 до 8 ноември, пренесе Catholic News Agency.

Иницијативата „Бројаница до границите на небото“ сака да собере илјадници луѓе во молитва за неродените откако во Полска се раширија протестите заради одлуката на Уставниот суд за неуставноста на одредбата од законот за можноста за абортус заради оштетување или болест кај неродено дете. Со тоа легален остана абортусот после силување и инцес и во животна опасност за мајката.

Замислата за иницијатива е создадена откако е организиран настанот „Бројаница на границите“ во 2017 година кога повеќе од милион Полјаци молеа на полската граница, а слични настани потоа се организираа и во други земји. Минатите години организаторите собраа десет илјади луѓе на молитвен состанок „Полска под крстот“. (…)

Иницијатива започна на празникот Сите свети, а организаторите ги повикаа католиците да се придружат молејќи на гробиштата, раскрсниците, парохиите и во своите домови.

„Со ова молитва на помирување сакаме на Бог да му дадеме надомест за гревот на абортус и надомест за страдањето на неродените деца. Сакаме да ја спасиме Полска и светот од последиците на овој грев,“ – порачуваат организаторите.

Предупредија дека послеците од убивањето на неродените деца „ќе станат се повидливи и се повеќе влијаат на нас“, пренесе Catholic News Agency

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот