Благодарност на Папата до поликлиниката „Гемели“: Братската и семејната атмосфера ми помогна да се опоравам

Благодарност на Папата до поликлиниката „Гемели“: Братската и семејната атмосфера ми помогна да се опоравам

Во писмото до професорот Марко Елефанти, претседателот на Фондацијата што ја води поликлиниката, папата Фрањо се заблагодари на болничкиот персонал за грижата и вниманието што му го пружија за време на неговата хоспитализација од 7 до 16 јуни, при што му беше извршена операција на абдоменот. Болницата е место на трпение и надеж, пишува Папата, каде доби човечка и духовна близина.

„На тоа место на трпение и надеж, повторно можев да уживам во семејна, братска и гостопримлива атмосфера која многу ми помогна да закрепнам по операцијата.“ Ова се зборовите на искрена благодарност што папата Фрањо ги упати до персоналот на поликлиника Гемели која од 7 до 16 јуни каде престојуваше поради лапаротомија и пластична операција на абдоминален ѕид со протеза и деветдневна хоспитализација. Во писмото што го испрати до професорот Марко Елефанти, генералниот директор на Фондацијата што ја води болницата, папата Фрањо изрази благодарност за грижата и вниманието што му беше дадено за време на неговиот престој во болницата.

Радост и емоции

Писмото на Папата го споделија со вработените во болницата професорот Елефанти и Карло Фрата Пасини, претседател на Управниот одбор на Фондацијата за поликлиниката Гемели, кои напишаа дека мора и сакаат да ја споделат со сите радоста и емоциите поради зборовите на Светиот Отец, кој на овој начин сакаше да ја изрази својата благодарност за присуството и вниманието што му беше покажано за време на неговата хоспитализација.

Човечка и духовна близина

Од се срце и благодарам на целата заедница на болницата Гемели за нивната човечка и духовна близина – напиша Светиот Отец во писмото, уверувајќи го професорот Елефанти во неговите молитви за него и истовремено барајќи молитви за себе.

Благодарност за време на хоспитализацијата

Уште за време на хоспитализацијата, папата Фрањо сакаше лично да им се заблагодари на сите што се грижеа за него. Два дена пред излегување од болництаа, тој вечера заедно со сите кои му помагаа од денот на влегувањето во болница, како што објави портпаролот Матео Бруни. Тој во знак на благодарност го прими целиот оперативен тим во кој беа лекари, медицински сестри и техничари, социјални и здравствени работници и помошен персонал, кои на 7 јуни го координираа, изведоа и овозможија хируршкиот зафат.

Не треба да ги заборавиме зборовите на благодарност што Папата ги искажа при посетата на Детското онколошко одделение, на десетиот кат, спроти приватниот апартман во болницата Гемели, кога на средба со медицинскиот персонал им се заблагодари не само за нивниот професионализам, но и за нивните напори да ги ублажат маките на другите, со лекови, но и со нежност и хуманост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот