Позната манекенка стана монахиња: Бог ме повика, а јас не можев да го одбијам
Беше една од најпопуларните и најпознатите фотомодели – манекенки во Шпанија, на врвот од својата кариера. Но наеднаш ги шокира сите околу себе со одлуката да стане монахиња.
„Господ никогаш не прави грешки. Ме праша дали сакам да го следам, а јас не можев да го одбијам“, рече за медиумите 36 годишната Олала Оливерос.
Таа, која некогаш се појавуваше на насловните страници на модните списанија, на телевизиските реклами или серии, сега облече монашка облека. Влезе во монашката заедница на Свети Михаил и сега сака да биде едноставна монахиња. Својата одлука ја спореди со кастинг низ која некогаш поминуваше на фото сесии или модни ревии. Но сега не е повикана за манекенска работа, туку за монашко служење на Бог. Се преобрати пред неколку години и цело време се бореше со нејзиниот повик, а на почетокот на годината одлучи да го прифати Божјиот повик.
Нејзината одлука да стане монахиња оддекна во Шпанија, а таа сака да го избегне непотребниот публицитет. Но истовремено сака и да сведочи за големиот повик, кој го почувстува и кој изненади многу нејзини колеги, но и самото нејзино семејство.
Битно нет/го*ко