„Црвен картон“ за организаторите на Светското фудбалско првенство во Бразил

Католичката Црква во Бразил, земја со најголем број католици во светот, даде „црвен картон“ на организаторите на Светското првенство во фудбал, поради тоа што потрошија милијарди долари за изградба на стадиони, а при тоа воопшто не е подобрена состојбата на јавните услуги.

Оваа седмица во Црквите низ Бразил се делеше брошура во облик на црвен картон во која Бразилскиот епископски совет ја повикува тамошната влада да го почитува правото на протест против Светското првенство во фудбал, кое започнува оваа седмица.

„Црквата сака да го  даде свој допринос во јавната расправа и да ја изрази својата загриженост поради обратните приоритети, кога се во прашања користењето на јавните финансии, кои би требало да се употребат за здравство, образование, основни хигиенски услови, превоз и безбедност“, стои во брошурата.

Ставот на бразилските епископи го споделуваат мнозинството Бразилци, кои минатите месеци низ целата земја јавно протестираат против трошењето на големи парични износи за изградба на стадиони, кои ги сметаа за симбол на расипништво, а за време на Светското првенство се очекува протестите да зачестат.

Покрај расфрлањето, бразилските епископи на организаторите на СП им замеруваат и за раселувањето на илјадници сиромашни семејства од нивните домови, кои се во близина на стадионите, при што се занемарени одредбите за заштита на животната средина, а сѐ со цел да за се задоволат „големите корпорации.“

Исто така епископите наведуваат дека успехот на Светското првенство нема да се мери по тоа колку пари ќе заработи локалната економија или спонзорите од овој настан, туку дали ќе бидат исполнети основните цивилизациски потреби.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот