Парохија помага со парична помош на семејства со повеќе деца

Малата парохија во Тоскана во местото Стагија покажа големо срце. На иницијатива на парохот дон Стефано Бимби, парохијата ќе обезбеди парична помош од две илјади евра за трето и секое следно дете.

Одлучивме да им помогнеме на семејствата со повеќе деца на еден посебен начин. Во овие кризни времиња нашата парохија сака да обезбеди конкретна помош на сите родители кои храбро го прифаќаат дарот на живот. Иако за жал имаме ограничени извори, парохискиот економскиот совет еднодушно одлучи да обезбеди помош сѐ додека има средства – објаснува парохот Стефано Бимби.

Како што стои во објаснувањето на веб страницата на парохијата, условите за примање помош се италијанско државјанство и потврда за склопне црковен брак. Иако помошта заради ограничените средства за сега е насочена само на италијанските семејства, дон Стефано се надева дека во иднина парична помош ќе може да се обезбеди и за странските семејства.

Според податоците од парохиската веб страница, до сега помош имаат примено четири деца.

М.В./Битно.нет/к.мк

Фотографија: Shutterstock

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот