Повик за Паљурци

Во сабота 24 септември 2016 година по завршувањето на Молебенот до Пресвета Богородица во Паљурци, кој го предводеше монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија младите упатија повик за Паљурци, кој го пренесуваме во целост:

Повик за ПАЉУРЦИ

Ние младите, заедно со нашиот епископ Н.В.П. д-р Киро Стојанов, нашите свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, сестрите монахињи – денес, го упатуваме повикот: ПАЉУРЦИ, ДА СЕ ВРАТИ НА ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК, ОДНОСНО НА КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗА ДА МОЖЕ ДА СИ ГО ЗАЗЕМЕ МЕСТОТО КОЕ ПО БОЖЈА ВОЛЈА МУ БИЛО ДАДЕНО: ДУХОВЕН ЦЕНТАР, ПОКЛОНИЧКО МЕСТО СО СВОЕ СВЕТИЛИШТЕ КОЕ ТУКА БИЛО ОСНОВАНО ВО ЧЕСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА – УТЕШИТЕЛКА И КАКО МЕСНОСТ КАДЕ ВО ХРИСТОВО ИМЕ ПРЕСТОЈУВАЛ АПОСТОЛ ПАВЛЕ.

Во ПАЉУРЦИ на ден 24 септември 2016 година

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот