Искористете ја кутијата за вашите предлози, идеи, забелешки и прашања

Искористете ја кутијата за вашите предлози, идеи, забелешки и прашања

Со поставување на кутиите верниците ќе можат анонимно да ги достават своите предлози, идеи, забелешки и прашања.

Во сите парохии во текот на оваа седмица на видливи места во црквата, како и на самите средби за советувања ќе бидат поставени кутии во кои верниците анонимно ќе можат да ги достават своите предлози, идеи, забелешки и прашања до Црквата и Синодата.

Овие кутии имаат за цел да се слушнат и анонимно верниците за нивните потреби, идеи, забелешки, прашања и на тој начин да се влезе во дијалог, еден со друг да се сослушува за да се дојде до соодветен одговор, кој ќе биде од корист за целата Црква.

Во текот на оваа и наредната седмица во сите парохии на Католичката црква во Македонија ќе започнат средбите за советување со верниците со цел активно вклучување на верниците во Синодалниот пат во рамки Епископската Синода 2021 – 2023 година.

Наредните денови ќе бидат објавени термините за советувањата во парохиите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот