На 24 јуни 2018 во Куманов, Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски монс. Киро Стојанов го предводеше литургиското славење по повод патрониот празник на капелата „Раѓање на Иван Крстител“ и во таа прилика бискупот Стојанов пет млади им ја подели светата Тајна миропомазание.
Во пригодната хомилија бискупот Стојанов ја истакна улогата и посланието на Исусовиот претходник свети Иван Крстител, и го спомена значењето на светата Тајна миропомазание односно улогата на Светиот Дух кој доаѓа да му помогне на крштеникот.
После литургиското славење заедништвото продолжи со заедништво и агапе.
к.мк
Таг: Бискупот Стојанов помаза пет млади од Куманово
Клучни зборови: монс. Стојанов, миропомазание, Куманово, Свети Иван Крстител, патронат