Молитвена накана на Папата за септември 2023

Молитвена накана на Папата за септември 2023

Молитвената накана на Папата Фрањо за месец септември гласи: Да престанеме да ги правиме невидливи оние кои се на маргините на општеството

Во видео пораката со молитвената накана за септември, објавена од Папската светската молитвена мрежа, папата Фрањо поттикнува на молитва за луѓето кои живеат во нехумани услови, да им се даде покрив над главата, засолниште, љубов и човечка топлина: „Институциите да не ги заборава и никогаш не се сметаат за отпад“.

Во молитвената накна за септември Папата Фрањо охрабрувада молиме за луѓето кои живеат на работ на општеството, во нечовечки услови за живот, да не бидат заборавени од институциите и никогаш да не се сметаат за отпад. Во видеото објавено од Светската молитвена мрежа, Папата со тага забележува: „Бездомник кој умира на улица никогаш нема да се појави на првата страница на интернет пребарувачите или вестите“. И на сите им го поставува прашањето: „Како можеше дојдовме до тоа ниво на рамнодушност?“

Погледнете го видеото.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот