Пет години од објавување на веста за воздигнување на Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија
На 31 мај се навршија пет години од објава на веста дека Апостолскиот егзархат во Македонија се воздигнува во Епархија, со наслов „Успение на Пресвета Богородица Струмица-Скопје“.
Веста беше обајвена на 31 мај 2018 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје од страна на монс. Анселмо Гвидо Пекорари, Апостолски нунциј во Република Македонија во присуство на монс. Киро Стојанов и свештенството од Македонија.