Коптскиот патријарх ќе му се придружи на папата Фрањо на Генералната аудиенција

Коптскиот патријарх ќе му се придружи на папата Фрањо на Генералната аудиенција

Коптскиот православен патријарх на Александрија Тавадрос II ќе го посети Рим од 9 до 14 мај 2023 година. Десет години по средбата со папата Фрањо и 50 години по првата средба меѓу Папата и коптскиот православен патријарх, Тавадрос II ќе биде покрај папата Фрањо и ќе зборува за време на Генералната аудиенција во среда на 10 мај на плоштадот Свети Петар.

Потоа, во недела, на 14 мај, поглаварот на повеќе од 10 милиони верници во Египет ќе отслужи Божествена Литургија во базиликата Свети Иван Латеранаски за верниците Копти.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот