Патер Ломбарди најави конзисториум за именување нови кардинали
Во четврток 11 декември 2014 година заврши заседанието на Кардиналскиот совет од девет кардинали, кое започна во вторникот. На брифингот за новинарите патер Федрико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, зборуваше за работата на Кардиналскиот совет и најави одржување на нов конзисториум за именување нови кариднали.
На заседанието од оваа седмица, во присуство на Папата, кардиналите расправаа за забелешките кои ги дадоа префектите на дикастериите на седницата одржана на 24 ноември. Станува збор за главните критериуми кои ги надахнуваат реформите на Куријата, како и за лични предлози, меѓу кои и реорганизазција и соединување на некои Папски совети.
Директорот на Канцеларијата за печат потврди дека следната средба на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 9 – 11 февруари следната година. Тогаш кардиналите подетално ќе ги разгледаат сегашните формулации и предлози за реформите на Куријата, како би можеле веќе на конзисториумиот кој ќе се одржи на 12 и 13 февруари да се претстават на Кардиналскиот колегиум, рече патер Ломбарди најавувајќи го вториот важен настан:
Претпладнево лично го прашав Светиот Отец, а тој ми одговори дека можам да објавам дека на 14 и 15 февруари можат да се предвиди и нов конзисториум за именување на кардинали. Што се однесува до новите кардинали, како што знаеме, зависи од Папата кога смета дека е најсоодветно да се објави. Обичај е отприлика еден месец пред тоа да бидат познати имишњата на новите кардинали. Кои се имињата, ќе ни каже Папата кога за тоа ќе дојде време – нагласи патер Ломбарди.
РВ/го*ко