Папата ќе ја посети Шведска
Папата Фрањо на 31 октомври 2016 година ќе ја посети Шведска, а во Лунд ќе учествува во заедничката програма на Католичката црква и Светскиот лутерански сојуз за обележување на 500 годишнина од реформацијата – соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Смислата на заедничкото обележувањето јубилејот е да се истакне големиот екуменски напредок помеѓу католиците и лутераните, како и даровите кои произлегуваат од тој дијалог. Обележувањето на јубилејот во Лунд ќе го предводи папата Фрањо, бискупот Муниб Јоунан, претседател на Светскиот лутерански сојуз, пасторот Мартин Јунг, генерален секретар на Лутеранскиот сојуз – стои во соопштенито од Светскиот лутерански сојуз и Папскиот совет за единство на христијаните, чиј што претседател е кардинал Курт Кох.
РВ/го*ко