Светски ден на мигрантите: Слободен избор помеѓу миграција и да се остане

Светски ден на мигрантите: Слободен избор помеѓу миграција и да се остане

За 109. Светски ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се одржи на 24 септември 2023 година, папата Фрањо ја избра темата „Слободен избор помеѓу и да се остане“ – информира во вторник, 21 март 2023 година Дикастеријата за целосен човечки развој.

Темата која ја избра Светиот Отец има за цел да поттикне ново размислување за правото кое сè уште не е кодифицирано на меѓународно ниво: „правото да не мора да емигрираш – со други зборови – правото да можеш да се останеш во сопствената земја“.

Секој мигрант, без разлика на неговиот статус, има право кое речиси никогаш не се почитува: правото да не емигрира. Да не го напушта домот, земјата, заедницата. Расветлување на овој аспект е темата на 109. Светскиот ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се одржи на 24 септември.

Принудниот карактер на многу актуелни миграциски текови бара внимателно испитување на причините за модерната миграција, се вели во соопштението, нагласувајќи дека правото да се остане е подлабоко и пошироко од правото на емигрирање. Тоа вклучува можност за учество во општото добро, право на достоинствен живот и пристап до одржлив развој, многу права кои мора ефективно да се гарантираат во народите од кои потекнуваат како и соодговорноста од страна на меѓународната заедница.

Ватиканската дикастерија за целосен човеков развој, која има цел подобро да го подготви овој ден посветен на мигрантите и бегалците, ќе започне кампања чија цел е да промовира добро разбирање на избраната тема, преку теолошки размислувања, информативни документи и мултимедијална поддршка.

Во 2022 година, во својата порака, папата Фрањо повика да им посакаме добредојде на мигрантите и да го цениме нивното присуство, нагласувајќи дека „историјата не учи дека придонесот на мигрантите и бегалците е фундаментален за општествениот и економскиот раст на нашите општества“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот