Папата ќе се сретне со одговорните за меѓурелигискиот дијалог

Ватикан, 25.4.2013 /к.мк/ – Во среда попладне надлежниот кардинал за меѓурелигиски дијалог Жан-Луис Туран се сретна со папата Фрањо на нивната прва работна сесија. Тоа беше соопштено од ватиканската служба за печат без да бидат дадени подетални информации.

Кон главните задачи на советот за дијалог кој го води кардиналот Туран спаѓа односот со исламот. Папата Фрањо на првиот прием за дипломатите една недела после изборот за Папа изјави, дека на оваа проблематика ќе и посвети посебно внимание. На интронизацијата на папата беа присутни многубројни државни и верски гости од исламскиот свет.

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<