Молитвата на Папата за настраданите во поплавите во Сиера Леоне

Молитвата на Папата за настраданите во поплавите во Сиера Леоне

По молитвата Ангел Господов, Папата ја упати својата молитва до Марија Царица на мирот која – како што рече – денес ја гледаме во рајската слава, повторно доверувајќи ѝ ги грижите и болките на луѓето кои во бројни делови во светот страдат заради елементарни непогоди, општествени тензии или конфликти.

Нека нашата небесна Мајка ни испроси за сите нас утеха и иднина на мир и слога! – рече папата Фрањо.

Тие зборови на Папата доаѓаат токму во моментот кога обилни дождови ја погодија Сиера Леоне и улиците ги претворија во реки од кал кои преплавија населени места и однесоа најмалку 300 животи, меѓу кои 60 деца. Силните врнежи која ја погодија таа африканска земја, една од најсиромашните во светот, буквално го срушија брегот над главниот град Фритаун, кои ги „проголта“ куќите и нивните жители.

Многумина сега ја обвинуваат човечката негрижа. Се претпоставува дека трагедијата ја предизвикала уништувањето на шумите и брзото градење на куќи. Фритаун, град на брегот на морето со 1,2 милиони жители, повремено го погодуваат поплави во текот на дождлив период, кои ги уништуваат импровизираните населби, а допирот со загадената вода поттикнува ширење на болести како колера.

Меѓутоа, поплавите се само еден од проблемите кои ја мачат Сиера Леоне. Во 2014 година беше една од земјите во Западна Африка, која најмногу беше погодена од вирусот ебола, од кој умреа повеќе од 4000 луѓе. Тоа придонесе за пропаѓање на економијата која е меѓу најслабите во светот, во земја во која според проценката на Обединетите нации, околу 60% од населението живее под прагот на сиромаштвото.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот