Папата: Љубовта е посилна од смртта

Љубовта е посилна од смртта – порача папата Фрањо на верците во катехезата на 17 јуни на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Темата на денешната катехеза беше смрт во семејството. Поаѓајќи од денешниот дел од Евангелието по Лука (7, 11-15) каде што Исус – на мајката која го изгубила својот единец –и го враќа синот повторно во живот, Папата го истакнува како знак со кој Евангелието ни сведочи за Исусовата надмоќ над смртта. Светиот Отец потсети дека феноменот смрт е појава која не заобиколува ниту едно семејство, но е и заедничка врска на сите семејства.

Смртта е дел од животот. За родителите кои го надживеале сопственото дете претставува многу болно искуство и се противи на основната природа на семејните односи која на самото семејство му дава смисла. Смртта која на родителите и го одзема нивното дете е удар на ветувањата, на даровите и жртвите на љубовта, на радосно даруваниот живот кој сме го донеле на свет – кажа.

Слично на тоа е и страдањето на детето кое останува само заради загубата на еден или двајцата родители: кога сака да знае зошто ја нема мама или тато; кога прашува: Кога ќе се вратат? Детето трпи, а сеуште не е способно на своето страдање ниту името да му го даде…

Во тие случаи смртта за семејството е како отворена дупка, која не може со ништо да се објасни, а неретко вината за тој немил настан се препишува и на самиот Бог. Ги разбирам таквите семејства – продолжи папата Фрањо – лути се и огорчени заради болката која ја чувствуваат и помислуваат дека Бог го нема и дека сè ја губи својата смисла. Загубата на дете за родителите е огромна загуба – рече Светиот Отец.

Папата потсети дека смртта има и свои соработници, полоши од себе, а тоа се: омразата, зависта, горделивоста, негодување, накратко – гревот на светот кој работи за смртта и ја прави уште потажна и понеправедна. Семејните чувства како да стануваат беспомошни жртви пред овие соработници. Да помислиме само на апсурдната „нормалност“ со која – во одредени моменти и на одредени подрачја – на самата смрт додаваат и ужас, а производот е омразата и негрижата за останатите луѓе. Господ нека нè ослободи од тоа!

Во Божјиот народ, милоста која ни е дарувана во Исус, за многу семејства сепак конкретно покажува дека смртта го нема последниот збор. Во жалоста, таквите семејства наоѓаат сила за обнова на верата и љубовта која ги соединува со оние кои ги сакаат. Таквите семејства уште сега се спротивставуваат на смртта и попречуваат сè да си присвои. На темнината на смртта се спротивставува со делувањето на уште поинтензивна љубов – објасни папата Фрањо.

Папата исто така истакна дека во светлината на Господовото воскресение, Он Кој – од оние кои Отецот му ги дал – никого не напушта, на смртта можеме – како што пишува Свети Павле – одземена и е осилката (1 Кор 15, 55); можеме да и забраниме да ни го затруе животот и уште подлабоко да нè повлече во темнината.

Папата потсети дека во верата можеме меѓусебно да се тешиме знаејќи дека Господ еднаш засекогаш ја победи смртта. Нашите мили не исчезнаа во мракот на ништожноста. Надежта е таа која ни дава сигурност дека тие се во моќните раце Божји. Љубовта е посилна од смртта – додаде Светиот Отец.

Љубовта нè чува се до денот кога секоја солза ќе биде четка. Дозволуваме ли верата и надежта да нè поддржат, искуството на жалоста може да вроди со најсилна солидарност со семејните врски, нова отвореност кон трпењето со другите семејства како и ново братство меѓу семејствата кои се раѓаат и повторно се раѓаат во верата – смета Светиот Отец, додавајќи дека денес е потребно пастирите – како и сите христијани – на најконкретен начин да ја искажат смислата на верата при соочувањето со искуството на жалост во семејството.

Од едноставното искуство на многу семејства кои во најтешките моменти кога поминува смртта, знаеле исто така да го препознаат и сигурниот премин на распнатиот и воскреснат Господ, со неговото непроценливо ветување на воскресение од мртвите. Можеме да извлечеме поука дека делувањето на љубовта Божја е посилна од делувањето на смртта и на таа љубов со верата сме повикани да станеме вредни соработници – кажа Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот