Папата упати порака до поклониците во Лухан

Папата упати порака до поклониците во Лухан

По повод 40. поклонение на Богородица од Лухан во Центенариј, на југозападот од Аргентина, папата Фрањо упати видео порака до поклониците во која истакнува дека во време на пандемија е потребно помош од Мајката.

Марија нѐ прегрнува и подига, со тие зборови во видео пораката папата духовно се соедини со учесниците на јубилејното поклонение на Богородица од Лухан. Иницијативата која е одржана виртуелно поради пандемијата со коронавирусот се одржа од 23 до 26 септември. Понекогаш и не само понекогаш, патот станува тежок. Во овој момент на пандемија и бројни опасности по здравјето, многу страв и многу потреби, тој е уште потежок. Затоа ни е потребна помош од Мајката која ќе нѐ прегрне – рече папата Фрањо потсетувајќи на зборовите од мотото на поклонението „Мајко прегрни нѐ, сакаме да продолжиме да одиме“.

Потоа Папата изнесе неколку сведоштва. Една жена ми кажа дека една од задачите на мајката е да ги подигне своите деца. Друга, која ја прашав кое од нејзините деца ѝ е најмило, ми одговори: „На рацете имам пет прсти, ако е повреден еден прст, ме боли исто како и било кој друг прст. Сите се различни, но сите се исти“. Така и Господ прави со нас – сите сме различни, но таа е Мајка и сите нѐ прегрнува. Се придружувам на поклонението, се молам за вас и ве молам да не заборавите да се молите за мене – рече папата Фрањо пред да го даде својот благослов на поклониците.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот