Ватиканското радио повторно ќе емитува програма во Амазонија

Ватиканското радио повторно ќе емитува програма во Амазонија

Бразилската програма на Ватиканското радио – Ватикан њуз од 1 август, неколку седмици пред Синодата за панамазонските подрачја, повторно на кратки бранови ќе започне да пренесува програма за Амазонија

Повеќе од 61 година Бразил го слуша гласот на Папата преку Ватиканското радио. После одредена пауза, Бразилската програма на папското радио од 1 август, повторно на кратки бранови ќе започне да пренесува програма за Амазонија. Во пресрет на Синодата за панамазонските подрачја, која ќе се одржи од 6-27 октомври оваа година, Ватиканското радио – Ватикан њуз на тој начин покажува внимание кон ова важно подрачје во Бразил, во кое радиото е главно средство за комуникација.

Гласот на Папата повторно ќе може да го слушнат 25 милиони луѓе кои живеат во Амазонија, зелените бели дробови на планетата –истакна Христијане Муреј од Бразилската програма. Станува збор за скоро 400 народи со различни традиции, како верски, така и духовни. Одлуката за пренесување преку кратки бранови е донесена во согласност со географската реалност на Амазаонија, со свесност дека имаат право да ја примат на некој начин Христовата порака.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот