Во петок 15 февруари 2019 година папата Фрањо во Ватикан во приватна посета ја прими претседателката на либанската фондација „Имам Садр,“ Рабаб ал-Садр.
Фондацијата со седиште во Тир, наречена според шиитскиот духовник Муса ал-Садр (1938-1978), се ангажира на социјално, здравствено и образовно поле. Канцеларијата за печат при Светиот Престол не наведе детали од средбата, објави Ватикан њуз.
Во позадина на средбата е заедничката изјава која на 4 февруари 2019 година во Абу Даби ја потпишаа папата Фрањо и големиот имам на каирскиот универзитет Ал Азхар, Ахмад ал Тајеб. Во документот „Човечко братство“ Католичката црква и најголемиот авторитет на сунитскиот ислам повикуваат на заземање за мир, дијалог и човекови права, како и за образовни и здравствени мерки, посебно за сиромашните. На патувањето во Мароко, кон крајот на март, Папата во Рабат ќе посети исламски институт и центар на Каритас.
к.мк