Папата ја поддржа иницијативата „ Más por Menos“
Папа Фрањо ја поддржа кампањата „Más por Menos“ (Повеќе за помалку) која се одржува во Аргентина од 10 до 11 септември, во чии рамки се собираат средства за помош на сиромашните во таа земја.
Во пораката која ја прати преку Државниот секретаријат, Светиот Отец ги поттикна учесниците „да вложат голем, личен и заеднички труд и да пружат рака на мноштвото браќа и сестри кои се во потреба и кои се чуствуваат исклучени од општеството и да им ја донесат Божјата близина и љубов.“
Папа Фрањо ги повика луѓето вклучени во иницијативата „да бидат чувствителни на страдалниот повик“ на многу луѓе кои се „маргинализирани и отфрлени“ и да им помогнат. Посака Христос „вистинското милосрдно лице на Отецот, да им го подели искуството на радост при делењето на своето време, своите блага и својот живот со оние кои Бог ги сака со привилегирана љубов, сиромашните и бездомниците“ – стои на крајот од пораката.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк