Папата Фрањо ќе го прими Витлеемското светло

Како и неговите претходници блажениот Иван Павле II и Бенедикт XVI, папата Фрањо ќе го прими Светлото на мирот од Витлеем. За време на аудиенцијата на 8 декември едно дете од Австрија за време на националното поклонение, ќе му предаде на Светиот Отец една светилка запалена во Витлеемската пештера. На 26 ноември „Светлото на мирот“, кое за кратко време стана симбол за Божиќ, ќе пристигне во Виена. Од главниот град на Австрија на крајот од екуменското славење, светлото ќе се пренесе низ парохиите, заедниците и домовите во Австрија, а од таму низ цела Европа, Русија и Северна Африка. Витлеемското светло на мирот ќе биде пренесено и на австриските цивилни, црковни и политички преставници и организации – стои во соопштението.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот