Папата Фрањо: Семејството и бракот не биле никогаш толку многу нападнати како што е тоа случај денес

Треба да се придружува семејството и да се заштити бракот, кои денес се нападнати како никогаш досега, ова е главната порака на папата Фрањо во говорот пред членовите на апостолското движење Шенштад (Schönstatt), кое на 25 октомври го прими во аудиенција по повод 100 годишнината од основањето. Движењето во Германија е формирано од патер Јозеф Кентних, во октомври 1914 година. Средбата, на која присуствуваа околу 7,500 членови, беше оживеана со разговорот на присутните со Папата и со сведоштвата и видео записите со заедниците, брачните парови, семејствата и младите од околу 50 земји.

Семејството и бракот не биле никогаш толку многу нападнати како што е тоа случај денес, истакна Светиот Отец, соврнувајќи се на темата од неодамнешната Епископска синода и забележи дека во општеството сѐ повеќе се предлага модел на семејство кое ќе е сфатено како еден вид на „здружение“. Сѐ може да се нарекува семејство, нели?, ги запраша Папата присутните и додаде:  „Колку семејства се раздвоени, колку бракови се уништени, колку постои релативизам во сфаќањето на Светата Тајна Женидба. Во овој момент, од социолошки аспект и од аспект на човечките вредности каква што е католичката, христијанската Света Тајна, семејството е во криза, бидејќи го напаѓаат од сите страни и го оставаат рането!“, истакна Светиот Отец.

Поттикнувајќи на размислување за современата стварност во која се обезвреднува женидбата, Папата истакна дека сме сведоци на делењето на таа Света Тајна за време на самиот обред, сведоци на општествениот факт, кој задира во важна работа, а тоа е единството со Господ. Она што го предлагаат не е брак, туку здружение, истакна папата Фрањо додавајќи дека пасторалот помага, но во овој случај потребно да биде „гради во гради“. Затоа, треба да се придружуваат луѓето, но тоа значи и да се троши времето. Голем учител во трошење на времето е Исус! (…) Да се придружува значии да се биде заедно со Него на патот.

Во таа смисла, Светиот Отец препорача темелна подготовка за идните сопружници, со придружба, за да го сфатат она „засекогаш“ кое денес, поради културата на привременост се става во прашање. И не треба да се соблазнува над оние врз кои се случува, врз семејните драми, уништените семејства, врз децата што трпат поради несогласувањата на родителите, но и поради новите врски.

Сѐ се тоа нови облици,многу разрушувачки и ограничувачки во однос на големината на брачната љубов, истакна Папата. Постојат многу диви бракови, разделби и разводи; поради тоа клучна помош е „гради во гради“, без прозелитизам ,бидејќи тоа не носи резултати. Треба стрпливо да се придружуваат луѓето, истакна Папата.

Присутните, потоа, сакаат да знаат повеќе за љубовта на Папата кон Богородица и за неговиот став за Богородичната мисионерска улога. Папата Фрањо не се двоуми: Марија е мајка и воспитувачка, а Црквата без Марија е сиропиталиште. Марија е мајка и не може да се замисли било каков друг назив за неа освен тој. Таа е мајка бидејќи нѐ води кон Исус и ни помага со силата на Светиот Дух во нас да се роди и расте со нас Исус кој постојано ни дава живот. Христијанинот нема право да биде сирак, бидејќи има мајка!, истакна Папата.

Формирано во текот на Првата светска војна, движењето Schönstatt беше формирано по желба на патер Јозеф Кентених, кој таа иницијатива ја покрена со група млади семинаристи и јанпрво се именува „Сојуз на љубов со Марија“. Во текот на Втората светска војна здружението зајакнало, а по тешкиот период поминат во концентрациониот логор во Дахау, патер Кентених тргнал по перифериите на тогашниот свет: во Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај и Јужна Африка за да и служи на Црквата. Потоа, низ времето, движењето се проширило во целиот свет.

На оние младите присутни на аудиенцијата, кои ги претставија пред Светиот Отец потешкотиите во носењето на мисионарскиот поттик во некои средини, папата Фрањо им одговори потсетувајќи на почесниот папа, Бенедикт XVI. Важно е сведочењето, ништо друго! Ние не сме ничии спасители, ние сме преносители на еден „вонземјанец“ кој нѐ спаси сите, а можеме да го пренесуваме само ако го примаме во сопствениот живот, во своето тело и во својата историја, животот на тој „вонземјанин“ кој се вика Исус, рече папата Фрањо.

Светиот Отец овде мислеше на сведоштвото кое, исто така е способно да нѐ крене нас, да ни даде да излеземе надвор и да одиме во мисија. Црквата, движење или заедница кои се затворени, се болни. Движење, Црква или заедница кое излегува, греши… Но, толку е убаво да се бара опростување кога ќе се погреши! Не плашете се! Одете во мисии, излезете на пат, поттикна Папата и спомна дека кога се затвороме во мал свет, во светот на движењата, парохиите, надбискупиите, куриите, не можеме да ја видиме вистината. Можеби може да се воочи теоретски,но не може да се сфати стварноста на вистината на Исус. Таа подобро се сфаќа од периферијата кон центарот.

Папата се осврна и на Црквата. Во некои бискупски конференции имаат задолжено луѓе за било што, за било кого, ништо не може да им побегне… Сето тоа функционира добро, сѐ е организирано, но недостигаат некои работи кои би можеле да ги направиме со помалку оперативност, а со повеќе апостолски жар, со повеќе внатрешна слобода, со повеќе молитва… Таа внатрешна слобода е храброст за излегување надвор, истакна Светиот Отец и поттикна на постојана обнова.

Да се обнови Црквата не значи да се внесе тука и таму некоја промена… Тоа треба да се направи затоа што животот постојано се менува па треба да се прилагодиме. Но, тоа не е обнова. Треба да се обнови Куријата, ватиканската банка… Сето тоа се надворешни обнови; тоа е она за кое секојдневно се зборува. Но, интересно, никој не зборува за обнова на срцата, истакна Светиот Отец. Не се сфаќа ништо за обновата на срцата, а тоа е светост, обновувајќи го срцето на секоја личност. Обновеното срце е способно премине преку неслогата, било да се работи за семејна неслога или за воена неслога; тоа оди подалеку од културата на привременост, која ги уништува врските, за да оди кон културата на среќавање, истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот