Папата до италијанската полиција во Ватикан: Човекот треба да биде во центарот

Папата до италијанската полиција во Ватикан: Човекот треба да биде во центарот

Папата Фрањо во четврток 3 февруари 2022 година во аудиенција ги прими членовите на Инспекторатот за јавна безбедност кои својата служба ја вршат во Ватикан и изрази благодарност до сите кои во соработка со Жандармеријата учествуваат во одржувањето на јавниот ред. Постојано бидете внимателни на достоинството на секого, им порача Папата.

Обраќајќи се до началникот на полицијата, префектот, раководителите, службениците и агентите, тој изрази почит и благодарност за нивната вклученост во месеците на пандемијата, кога – како што рече – знаевте добро да ја регулирате вашата работа поврзувајќи ги епидемиолошките мерки и јавниот ред со потребите на поклониците. Благодарение исто така и на вашиот професионализам, животот околу овие свети места и градот Ватикан се одвиваше мирно.

Вашиот дневен и ноќен надзор ги штити луѓето кои се молат во базиликата и кои доаѓаат да се сретнат со мене. Вашата точна работа ги олеснуваат и духовните и верските настани што се одржуваат на плоштадот како и посетите на туристите – рече Папата, нагласувајќи дека тоа е деликатна работа на која тие пристапуваат грижливо и внимателно, обидувајќи се и во најкомлицираните ситуации да бидете трпеливи и подготвени. Тој ја спомена и нивната внимателна соработка за време на неговите движења во Рим или пасторалните посети во Италија.

Папата Фрањо го истакна и нивното дискретно, но во исто време ефективно присуство, кое е уште поуспешно поради соработката со жандармеријата на Ватикан. Покрај благодарноста, би сакал да ве охрабрам дека вашата служба, која понекогаш е тешка, секогаш е поткрепена со основната мотивација, односно грижа за луѓето, заштита на достоинството и безбедноста на сите – рече тој, додавајќи: Тоа е многу скапоцено; Човекот секогаш треба да биде во центарот. Можеби некој ќе дојде со барања или понекогаш со проблеми или потреби кои се неосновани, кои понекогаш се тешки. Но, ви благодарам за вашето трпение и што ги прифаќате луѓето такви какви што се во животот. Така се однесува Бог со нас! – истакна Папата.

Спомнувајќи го вчерашниот празник Претставување на Господ во храмот, кој уште се нарекува и „Сретение Господово“, тој потсети дека на светата Литургија се читаше дел од Евангелието за средбата на Марија и Јосиф, млади родители, со старецот Симон. и пророчицата Ана. Се среќаваат различни генерации, но Исус е во центарот. Ова поттикнува на разислување дека вашата работа овозможува бројни средби да се одржат овде, фокусирани на Господ. Вашата служба овозможува Исус да прифаќа многу луѓе. Нека свети Јосиф и Богородица, кои го внесоа во храмот, бдеат над вас и ве чуваат вас и вашите семејства. Им ги доверувам надежите и грижите што ги носите во срцето – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот