Папа: Да молиме да престанат војните

Папа: Да молиме да престанат војните

На крајот од Генералната аудиенција во среда 27 декември 2023 година, папата Фрањо ги поздрави младите, болните, младенците и старите лица.

На крајот ги поздравувам младите, болните, младенците и старите лица. Витлеемското Дете нека ви ја даде својата светлина на сите вас, за да можете со Евангелието да ги вдахновувате вашите секојдневни дела во новата година.

И ве молам, да не заборавиме да молиме за оние кои страдаат од ужасните последици од насилството и војната, посебно за напатената Украина и за жителите на Палестина и Израел. Војната е зло. Да молиме да престанат војните – рече Папата и на крајот ги благослови сите присутни.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот