Ангел Господов: Никогаш не изморувајте се да сеете добрина

Ангел Господов: Никогаш не изморувајте се да сеете добрина

Пред неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо се осврна на параболата за сејачот и ги повика христијаните да го следат примерот на Исус и никогаш да не престанат да го сеат Словото, дури и кога тоа понекогаш изгледа тешко

Обраќајќи им се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар на неделната молитва Ангел Господов, на 16 јули 2023 година, папата Фрањо се осврна на неделното Евангелие, кое пред наши очи ја изнесува параболата за сејачот. Допушта да го привлече метафората за сеењето и ги повика сите да прават како Исус, кој иако ја знае нашата „почва“, знае дека камењата на нашата непостојаност и трњето на нашите пороци можат да го задушат Словото, но тој секогаш се надева, се надева дека ќе донесеме изобилен плод.

Папата посебно се обрати на родителите, младите, свештениците, посветените лица и лаиците.

Исус ги познава нашите пороци, но сепак сее

Папата ја истакна прекрасната слика за „сеењето“ што Исус ја користи за да го опише дарот на неговото Слово. Да замислиме едно семе: тоа е мало, речиси невидливо, но од него растат растенија кои даваат плод. Такво е и Божјо Слово: да помислиме само на Евангелието, таа мала, едноставна и за сите достапна книга, раѓа нов живот кај оние што ќе го прифатат. Ако, според тоа, Словото е семе, ние сме почвата: Дали можеме да го примиме или не?

Родителите се повикани да сеат добрина и вера во своите деца и да не се обесхрабруваат

Папата повика да го следиме Исус кој не се уморува да сее. Тоа е првенствено упатено до родителите во нивната задача за пренесување на верата:

Родителите сеат добро и вера во своите деца и се повикани да не се обесхрабруваат ако понекогаш изгледа дека не ги разбираат и не ги ценат нивните учења или ако менталитетот на светот „оди во спротивна насока“. Доброто семе останува, тоа е важно и ќе се вкорени во догледно време. Но, ако подлегнат на недовербата и се откажат од сеењето и ги остават своите деца на милост и немилост на иновациите и мобилните телефони, ако не им посветат време, ако не ги воспитуваат, тогаш плодната почва ќе се исполни со плевел. Родители, не уморувајте се да сеете во вашите деца!

Молитва и време за другите: Ова е повик до младите

Потоа погледот Папата го сврте кон младите и начините на кои тие можат да го сеат Божјото Слово во секојдневниот живот, на пример преку молитва и солидарност.

Тоа е мало семе кое не се гледа, но со кое Исус се доверува на сè што живее и на тој начин Он може да го созрее. Но, мислам и на времето што треба да се посвети на другите, на оние на кои им е најпотребно: можеби изгледа залудно потрошено, но тоа е свето време, додека привидните задоволства на консумеризмот и хедонизмот нѐ оставаат со празни раце. И мислам на учењето, кое е напорна работа и не се наградува веднаш, како кога садите семе, но потребно е да се изгради подобра иднина за сите.

До свештениците и мирјаните: Бидете упорни во навестувањето

На крајот, Светиот Отец не ги заборави свештениците, но и посветените лица и мирјаните кои се ангажирани во делото на навестувањето. Тој ги повика да не се обесхрабрат ако понекогаш не се постигнат „моментални успеси“:

Никогаш да не заборавиме дека кога го навестуваме Словото, дури и таму каде што изгледа дека ништо не се случува, Светиот Дух всушност дејствува и Божјото царство веќе расте, благодарение на нашите напори, па и над нашите напори. Затоа, продолжете понатаму со радост, драги браќа и сестри! Да се потсетиме на оние кои го засадија семето на Божјото Слово во нашиот живот – секој од нас нека размисли: „Како почна мојата вера?“ – можеби никнеше со години откако ги запознавме нивните примери, но тоа се случи благодарение на нив!

Доверба во Пресвета Богородица Кармилска

Катехезата пред молитвата Ангел Господов заврши со низа прашања упатени до верниците, со надеж положена во Дева Марија, која денес ја чествуваме како Пресвета Богородица Кармилска, да ни помогне да бидеме великодушни и радосни сејачи на радосната вест.

Дали сеам добро? Дали ме интересира само да жнеам плод за себе или да сеам за другите? Дали посејувам неколку семиња од Евангелието во мојот секојдневен живот: учење, работа, слободно време? Дали се обесхрабрувам или, како Исус, продолжувам да сеам, иако не гледам моментални резултати?

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот