Папата Фрањо: Рождество Христово не е само празник кој се повторува или пак убав спомен
Рождество Христово е нешто многу повеќе од само празник кој се повторува или пак убав спомен”, туку„пат по кој се сретнува Господ”. Да дозволиме „Бог да нѐ сретне”, бидејќи Тој „прави сè ново.” Ова го истакна папата Фрањо на светата Литургија во понеделник 2 декември во домот Света Марта.
„Рождество Христово е средба!“ – рече Папата . Ние одиме, за да го сретнеме Господ со нашето срце и живот; преку верата да се сретнеме со живиот Бог”. Коментирајќи го Евангелието кое говори за стотникот, кој моли неговиот слуга да оздрави (Матеј 8, 5-11) „Господ се воодушевува на неговата вера“ – истакна папата Фрањо. Тој оди со вера дека ќе го сретне Господ. Затоа не само што го сретнува Господ, туку и чувствува радост од средбата со Него. Тоа е средба со вера”.
Но уште поважно е „ние да се дозволиме Господ да нѐ сретне” , додаде Папата. „Да дозволиме да влезе во нас, зашто Тој обновува сè. Доаѓањето Христово значи сè да се обнови, да се обнови срцето, душата, животот, надежта, патот. Ние исто одиме со верата на стотникот, за да Го сретнеме Господ, но и да дозволиме Тој да нѐ сретне”.
За оваа средба е потребно да имаме и уште нешто, продолжи Папата: „Отворено срце! За да ми каже нешто ново, она што е за мене, бидејќи Господ не гледа на нас како на мноштво луѓе. Тој го гледа секој од нас во лице и очи, бидејќи љубовта не е апстрактна: таа е конкретна! Да дозволиме Господ да нѐ сретне значи да се препуштиме на Неговата љубов” .
На патот кон Рождество Папата посочи што е потребно за христијаните: „упорност во молитвата, делотворна братска помош, близина со сиромашните и радосна пофалба на Господ”. Со други зборови Папата поедностави: „Молитва, милосрдие и пофалба со отворено срце, за да нѐ сретне Господ”.
РВ/го*ко